Со Фибоначи бонусот, тикетите од 100.000 стануваат со добивки од 800.000 денари, но пак таа „за една“

Еден верен обложувач од Скопје составил тикет речиси со сите можни спортови кои беа на вчерашната попладневна понуда и неверојатно е дека само едно тениско изненадување му ја скрати радоста да не добие речиси 800.000 денари, и тоа само со вложени 50 денари.

Тикетот е уплатен по сите стандарди да се брка ФИБОНАЧИ бонусот бидејќи сите 25 меча кои се одиграни се со коефициенти помеѓу 1.30 и 1.45. Овие коефициенти и многуте наредни натпревари јасно укажуваат дека се „брка“ што е можно поголем бонус, а во овој случај тој бонус е дури 610 отсто поголем од првичната добивка.

Затоа тикетот, кој стандардно би носел 112.000 денари, со ФИБОНАЧИ бонусот доби вредност од дури 795.449 денари, што значи дека само БОНУСОТ носи 683.414 денари.

На тикетот има дуели од ракомет, тенис, кошарка, фудбал и сите коефициенти едноставно се бирани да бидат барем со 1.30 квота, а од 25 одиграни, погодени се 23, додека еден тениски дуел е одложен за попладнево и таму се очекува победа на фаворитот.

Кобен меч за тикетот да не биде добитен на речиси 800.000 денари е тенискиот дуел меѓу двајцата Американци, Николас Морено де Алборон и Кристофер Еубанкс. Според рејтингот на АТП, Еубанкс е дури за 134 позиции подобро пласиран од Морено де Алборон, а фаворитот го доби и првиот сет. Сепак, потоа се случи пресвртот и Морено де Алборон ги доби следните два сета за победа од 3:6, 6:3 и 6:4 и големо разочарување кај речиси перфектниот обложувач од Скопје.

- Оглас -

Најнови вести