Се подготвува светски рекорд – ПСЖ го засили темпото, има уште полуда понуда за Мбапе (Фото)

Пари Сен Жермен го засили темпото во преговорите со Килијан Мбапе за продолжување на договорот и сега му нуди неверојатни 150 милиони евра на напаѓачот за две сезони.

Досега беше објавено дека Светците сакаат да го задржат опасниот офанзивец со понуда од 50 милиони евра по сезона, но сега ја зголемуваат понудата што не се одбива.

https://twitter.com/hadrien_grenier/status/1512063880205201415?s=20&t=iUUv12Kqz_AcRPm7Hg4afQ

Мбапе размислува да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во редовите на Реал Мадрид, но Кралската понуда е многу помала и изнесува 30 милиони евра по сезона за францускиот репрезентативец.

Ако Мбапе ја прифати понудата на ПСЖ, клубот за којшто игра сега, со годишна плата од 75 милиони евра ќе постави светски рекорд што е недостижен и невиден во историјата на фудбалот.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести