Горан Пандев го планира тренерот Ѓорѓе Стојчев како долгорочно решение на клупата на Академија Пандев и заедно со Управниот одбор на клубот одлучи да не се прифати оставката што ја понуди тренерот по поразот од Скопје со 1:2 и ремито против Борец 1:1.
Стојчев реагираше веднаш и понуди оставка, но сега струмичани ја одбија.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека оставката на тренерот Ѓорѓе Стојчев не е прифатена од Управниот одбор. Тој ја има целосната поддршка на сите во клубот.
Стојчев е долгорочно решение на Академија Пандев и тоа не е случајно. Ние го сметаме за една од најважните алки во градењето на клубот и затоа ја одбивме неговата оставка“, соопштија струмичани.
И Костов и Стојчев ќе продолжат со својата работа во Тиквеш и Академија Пандев најмалку до крајот на оваа сезона.