Снимките потврдуваат дека Тот бил нападнат од две лица пред дискотеката

Мистериите околу смртта на Денис Тот продолжуваат откако и дефинитивно на снимките е откриено дека тој пред да почине, бил нападнат од две непознати лица.

Според информациите до кои дојде „Вистиномер“ согласно два извори од МВР, постојат снимки на кои што се гледа како две непознати лица го удираат ракометарот на Бутел, кој потоа паднал на земја.

„Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрина, во близина на дискотеката ‘Привилиџ’ бил нападнат од две лица, дечко и девојка. Дваесет и седум годишниот ракометар попладнево почина на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување (КАРИЛ).

Првично, од КАРИЛ, а и од МВР изјавија дека на телото немало траги на насилство, а за трагичниот настан се ширеа различни верзии околу причините за смртта. Попладнево полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар.

На снимките се гледало како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал. Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор.

Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош“ се вели во текстот на „Вистиномер.

Од КАРИЛ, пак за македонските медиуми нагласиле дека немало видливи траги од насилство и дека дека причината била откажување на срцето.

Се очекува да се види кои биле двете личности и дали има и повеќе замешани во случајот кој што ја потресе Македонија, но и светската ракометна јавност.

 

 

- Оглас -

Најнови вести