Тај Гибс и Сем Мејер имаа возбудливи дуели на жешката патека во Мартинсвил, Вирџинија во НАСКАР шампионатот, а потоа се пресметаа и физички, па летаа и тупаници по трката.
Гибс незадоволен од возењето на Мејер реагираше неспортски и неколкупати со тупаница го удри конкурентот, па инцидентот беше сопрен од останатите возачи и од обезбедувањето.
Мејер ја заврши трката во Мартинсвил на петтото место, а Гибс беше осми.
Победи Брендон Џонс, а на подиумот имаше место и за Лендон Касил како вторпласиран и за третиот најбрз возач во Вирџинија, Ентони Џонс Олмендингер.