Пеналџијата Левандовски го спаси Баерн Минхен кој израмни „црвен“ рекорд (ФОТО)

Баерн Минхен одигра нов разочарувачки натпревар, овојпат против Аугсбург на кој на крајот едвај славеше со 1:0 во рамките на 29-то коло од германската Бундеслига.

Стрелец на единствениот гол беше кој друг ако не Роберт Левандовски и тоа од пенал во 82-та минута. Но, навивачите и немаат баш причини за славје бидејќи втор едноподруго натпревар, баварците немаат ниту еден шут во рамките на голот по првите 45 минути.

А со тоа го израмнија негативниот рекорд од 2009 година кога беа под водство на Јирген Клинсман а не успеаја да шутнат по првото полувреме протиб Барселона и Арминја Билефелд.

За тимот на Јулијан Нагелсман во вторник следува мечот против Вилјареал каде што исто така пред своите навивачи, ќе бркаат негатива од 1:0 во реванш мечот од четврт-финалето во Лигата на шампионите.

БУНДЕСЛИГА

Баерн Минхен – Аугсбург 1:0

Келн – Мајнц 3:2

Гројтер Фир – Борусија Менхенгладбах 0:2

Волфсбург – Арминија Билефилд 4:0

- Оглас -

Најнови вести