ПСЖ доцна ја покажа силата: Хет-трик на Мбапе, хет-трик на Нејмар, три асистенции на Меси

Пари Сен Жермен го разби Клермон со 6-1, во меч на кој блесна триото Нејмар-Мбапе-Меси. Многу фанови на ПСЖ очекуваа вакви игри од ѕвезденото трио многу почесто, но тоа се случи откако тимот испадна од Лигата на шампионите и се фокусираше на домашната лига каде е доминантен.

Мбапе и Нејмар постигнаа по три гола, а Меси имаше три асистенции. Ова е втор меч сезонава во кој Меси има три асистенции. Инаку, и во јануари 2019 година двајца играчи на париските Светци имаа хет-трик на ист меч, тогаш стрелци беа Мбапе и Кавани.

- Оглас -

Најнови вести