Академија Пандев е најголемиот добитник во 27-мата рунда од Првата македонска фудбалска лига, откако денеска славеше против Пелистер, а Шкендија и Македонија Ѓорче Петров не успеаја да победат дома во мечеви на кои беа фаворити.
Лавовите од Ѓорче кон крајот на февруари ја победија Брегалница, но не и денеска, кога мораа да бркаат негатива и да се задоволат со бод. Шкендија долго време водеше против Ренова, а Гипсарите изедначија во 89-та минута.
Лидерот Шкупи излезе на крај со велешани, им даде три гола, па едниот примен не беше проблем. Шкупи има 13 бода предност пред најблиските конкуренти и само прашање на време е кога ќе ја осигура титулата. До крај има уште шест кола.
РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Пелистер 2-0, Македонија Ѓорче Петров – Брегалница 1-1, Шкендија – Ренова 1-1, Шкупи – Борец 3-1, Струга Трим Лум – Скопје 1-0, Работнички – Тиквеш 1-0.
На табелата води Шкупи со 65 бода, пред Шкендија и А. Пандев со по 52, и Македонија Ѓ.П. со 50. Тука завршува кругот на тимови кои се борат за првите три места кои водат во европските купови, а на дното се Пелистер и Борец кои само чудо може да ги спаси од директно испаѓање.