Љуљ промаши тројка за победа на Реал, Барселона го доби „Ел Класико“ по продолженија

Серхио Љуљ промаши шут за победничка тројка за Реал Мадрид во последната секунда од кошаркарското Ел Класико, па Барселона ја искористи можноста да игра продолженија и победи со 108:97.

Капитенот на Реал се обиде да погоди од тешка позиција за три поени, но промаши и резултатот во регуларниот дел беше 89:89 и се играа дополнителни пет минути.

Во продолжението Барселона беше многу подобра, го доби со 19:8 и победи со 108:97.

Каталонците останаа на врвот на табелата со 44 бода, пет повеќе од Реал Мадрид.

Лапровитола со 20 поени беше прв стрелец и кај Барселона и на мечот, а зад него беше неговиот соиграч Смитс со 18 поени.

Најефикасен кај Реал беше Габриел Дек со 17 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести