Фантастичен меч во Валенсија вечерва одиграа Леванте и Барселона, а се случи мал куриозитет на драматичниот дуел, што заврши со победа од 3:2 на фаворитот.
Против Барселона беа досудени дури три пенали што е реткост, а домаќините погодија два и пропуштија шанса да го победат фаворитот, а на крајот останаа и без бод.
Ги казни Лук де Јонг со победнички погодок во 92-рата минута и веројатно ги испрати во Втората лига.
Утката на Роџер Марти во 56-тата минута, кога Марк-Андре тер Штеген му одбрани удар од белата точка веројатно беше и клучен на мечот.
Претходно капитенот на Леванте, Хозе Луис Моралес, беше прецизен од 11 метри во 52-рата минута и потоа тренерот на домаќините донесе чудна одлука да го смени изведувачот на вториот пенал.
Марти не погоди, а Барселона многу брзо направи пресврт со головите на Пјер-Емерик Обамејанг во 59-тата минута и на Педри само 240 секунди подоцна.
Леванте беше во загубена позиција и наместо предност од 2:0 се соочи со негатива од 1:2.
Од третиот пенал што го погоди Мелеро во 83-тата минута беа на прагот на реми, но Де Јонг ги потопи со победнички гол за Барселона во последните моменти од мечот.
Барселона со 60 бодови се израмни на второто место со Севилја, но има еден меч помалку. Леванте е на делба на последното место со 22 бода.