Саша Илиќ веќе не е тренер на Чукарички, а отказот го доби еден ден откако даде изјава дека негов фудбалер требало да добие црвен картон на натпреварот со Партизан.
Илиќ е легенда на Партизан, човек со најмногу одиграни мечеви во црно-белиот дрес, па веројатно не му беше мило што неговиот тим одигра 0-0 против Партизан и на тој начин индиректно му направи проблем на Партизан, кој сега има два бода помалку од ривалот Црвена ѕвезда во трката за титулата во Србија.
Според српските медиуми, има неколку причини за разделбата на Илиќ со Чука. Тој сакал на мечот со Партизан на терен да изведе комбиниран тим со неколку резервисти, не се појавил на клупската вечера по мечот, а капак била изјавата за црвниот картон.