Реал и Челзи пак ќе ги тресат двете мрежи, Баерн ќе ја потопи Подморницата

6001 Баерн Минхен – Вилјареал (21.00 часот)

Баерн беше изненаден од Вилјареал на првиот меч кој шпанскиот тим го доби со 1-0, па сега Баварците ќе треба добро да запнат ако сакаат да се најдат во полуфиналето, во кое ги чека најверојатно Ливерпул. Вилјареал има серија од четири меча по ред со 0-2 гола, но големо изненадување би било ако и овојпат ја зачуваат мрежата. Баерн викендов одвај го победи Аугсбург, со гол од пенал на десетина минути пред крајот, но сега мора порано да погодува ако сака триумф кој би ги однел понатаму. Вилјареал на последните 14 меча само еднаш примил повеќе од еден гол.

Предлог тип: 1-1 (1.79)

 

6002 Реал Мадрид – Челзи (21.00 часот)

Реал има убава предност од 3-1 од првиот меч и никогаш не бил елиминиран кога првиот меч на гости го добивал со два гола разлика. На Челзи ќе му треба чудо, но Сините најавија дека нема да се предадат. Кај Реал ќе го нема Милитао, кој има два жолти картони, додека Челзи ќе биде без Лукаку. Ова се два тима кои многу ретко играат нерешено, а сезонава и двата тима подобро играат во напад отколку во одбрана. Челзи е опасен гостин, од 19 февруари наваму ги доби сите гостувања.

Предлог тип: ГГ (1.63)

 

1025 Портсмут – Ротерам (20.45 часот)

Ротерам се бори за влез во Чемпионшип, трет е на табелата, но се наоѓа во криза и загуби во претходните две кола. И некогашниот премиерлигаш Портсмут игра лошо, не знае за победа веќе пет кола, па се наоѓа во средина на табелата. На овие пет средби, Портсмут секогаш играше неефикасни дуели со 0-2 гола, но на последните три меѓусебни дуели со Ротерам секогаш беше со 3+ голови. Портсмут е незгоден домаќин, нерешениот исход делува како најреална опција.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.21)

 

6889 Луксембург – Македонија (18.00 часот)

Женската репрезентација на Македонија дома во октомври загуби од Луксембург со 2-3 и сега девојките имаат шанса за реванш. Ова е меч повеќе за престиж, ни Луксембург ни Македонија немаат шанси за пласман на Светското првенство, па може да се очекува повторно да има голови. Сите седум меча на нашите во овој квалификациски циклус досега беа со 5+ голови, а Луксембург одигра 5+ на пет од шесте средби.

Предлог тип: 4+ голови (2.55)

 

6884 Хрватска – Романија (18.00 часот)

Ова се две селекции кои се со сличен квалитет и немаат реални шанси за пласман на Светското првенство. Хрватките имаат две победи и едно реми во последните три кола, но циклусот го почнаа катастрофално, со четири порази едноподруго. Романија е во малку подобра позиција, има 10 бода од шест меча, но втората Италија им бега осум бода. Во септември, кога Романија беше домаќин, мечот заврши 2-0.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести