Маунт го врати Челзи во живот, ќе има драма на „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Мејсон Маунт го постигна првиот гол на реваншот во Мадрид против Реал и Челзи стопи половина од предноста на Кралскиот клуб во четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Маунт погоди во 15-тата минута и ги врати надежите на Челзи за подвиг откако дома загубија со 1:3 од Реал во Лондон.

Во Лигата на шампионите веќе не важи правилото за повеќе голови на гости, па секоја победа на Челзи од два гола разлика ќе донесе продолженија на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести