„Фамилијата“ слави 25 години постоење и на фантастичен начин го најави мечот на МЗТ Скопје (ВИДЕО)

Навивачката група на МЗТ Скопје, популарната „Фемили Аеродром“ слави 25 години постоење.

По тој повод, тие низ улиците на Аеродром со фантастичен огномет го прославија сето тоа, а воедно и го најавија утрешниот меч на нивниот тим.

„Металците“ утревечер од 21:00 часот играат полуфинале од завршниот турнир од АБА 2 лигата против Широки Бриег, и тоа во својата арена „Јане Сандански“. Јасно е дека ќе биде потребна голема поддршка од нивните навивачи за да дојдат до посакуваната цел, а тоа е враќање во елитата.

- Оглас -

Најнови вести