Филип Миркуловски најави простување од дресот на македонската ракометна репрезентација, мечот со Чешка в недела во Скопје, ќе му биде последен во репрезентативната кариера.
Искусниот плејмејкер посакува последниот меч за Македонија да му биде крунисан со победа и пласман на Светското првенство кое ќе се игра во јануари следната година во Полска и Шведска.
„Ова ќе биде мојот последен натпревар во репрезентацијата. Ќе има доста емоции, но ние сме професионалци. Се надевам на среќен крај, победа и пласман на СП. Знаеме што нè очекува в недела, со помош на 7.000 навивачи верувам дека ќе обезбедиме место на СП“ – изјави Миркуловски.