Во Аеродром пејат „Роден сум јас цел плаво-бел“, а ова е доказ дека е така (Фотогалерија)

МЗТ Скопје Аеродром по четири сезони повторно се врати да биде дел од регионалната АБА 1 лига, откако синоќа во неизвесен меч го победи Широки Бриег со 75:71. Атмосферата во салата „Јане Сандански“ беше фанстатична, а публиката дефинитивно беше шести играч на македонскиот првак.

На трибините имаше навивачи буквално од 7 до 77 години и сите беа облечени во боите на клубот, сино-бела комбинација.

Едноставно и на овој дуел се покажа дека МЗТ има навивачи кои безрезервно ја даваат поддршката за својот омилен клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести