Ливерпул е прв финалист во англискиот ФА куп, откако попладнево во спектакуларен меч го совлада ривалот Манчестер сити со 3-2.
Црвените водеа со 3-0 по првото полувреме, Мане даде два гола и се чинеше дека победникот е одлучен. Но, Граѓаните брзо по почетокот на вториот дел намалија на 1-3, а премногу чекаа до 2-3, што се случи во 91-ва минута. Во финишот, Сити напаѓаше со сите сили, но не даде гол за сензационално изедначување.
Во финалето, Ливерпул ќе игра со Челзи или Кристал Палас.
Ова е третиот гол за Ливерпул, кој се покажа како победнички:
https://twitter.com/i/status/1515349712173297666