Тренерот на Партизан имаше бурна прес-конференција: 70 проценти од новинарите се ѕвездаши!

Во Партизан беа понезадоволни од нерешените 0-0 на денешното градско дерби против Црвена ѕвезда, бидејќи вака Ѕвезда остана со два бода предност, а до крајот на сезоната има уште шест меча против помали клубови, па би било изненадување ако загуби на некој од тие дуели и го испушти првото место, секако под услов Партизан да ги добие сите до крај.

После мечот, тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ, беше прашан дали мисли дека се загубени шансите на неговиот тим за титула.

„Ете каде живееме. Само два бода разлика е на шест кола до крај, а вие мислите дека првенството е решено. Не се даваме, ќе се бориме до крај. Тешко дека Ѕвезда ќе загуби, но не се предаваме. Од вас новинарите, 70 проценти навиваат за Ѕвезда, тешко ни е да се бориме во такви услови. Ги релативизирате работите, не сте реални за некои работи“ – рече Станојевиќ.

- Оглас -

Најнови вести