Млад и неименуван руски хокејар од екипата на Салват Јулаев требало да замине на операција во Финска, но тамошните доктори одбиле да го оперираат бидејќи е Русин.
Спортскиот директор на овој тим, Ринат Баширов за тамошните медиуми изјави.
„Ја планиравме операцијата одреден период, ама тие ни се јавија и ни кажаа дека веќе руски граѓани нема да оперираат.
Можеме лесно да ги тужиме, но јасно е дека судот ќе пресуди на нивна страна, но ова е чист расизам а во Америка тоа е најопасната работа. Ова не е спорт, ова нè е политика овде се работи за човечност“ изјави Баширов.
За Салват од почетокот на сезоната настапуваа четири фински хокејари, но тие веднаш го напуштија тимот по руската инвазија во Украина.