Ноќеска се одиграа три натпревари од првата плејоф-рундата и на сите три славеа домашните екипи. Далас маверикс ја победија Јута џез со 110:104, и тоа без повредениот Лука Дончиќ.
Џејлен Брансон имаше фантастичен меч со 41 поен, со што му донесе израмнување на тимот од Тексас од 1:1.
Стеф Кари со 34 уфрлени поени го предводеше Голден стејт ворирорс до предност од 2:0 над Денвер нагетс, откако сега победија со 126:106. Од друга страна, пак, Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок од 26 поени и 11 скокови, но на седум минути пред крајот на средбата бше исклучен поради шест фаули.
Стеф Кари имаше своја вечер, па во еден од нападите успеа да постигне и четири поени. Воедно тој стана и првиот кошаркар којшто во ерата употреба во часовникот за напади, постигнал најбрзо 30 поени. На Кари му беа потребни 23 минути за да дојде до цифрата од 34 коша.
Водство од 2:0 има и Филаделфија 46-ерс со триумфот над Торонто репторс од 112:97, а Џоел Ембид имаше своја вечер со 31 постигнат поен.
Steph Curry is the first player in the NBA shot-clock era to score 30 points in as little as 23 minutes in a playoff game, per Elias via Warriors. He had 34
— Monte Poole (@MontePooleNBCS) April 19, 2022
STEPH CURRY 4-POINT PLAY 😱 pic.twitter.com/7iKF4ujpH9
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 19, 2022