Скопскиот Работнички своите одлични односи со клубот Црвена ѕвезда од Белград ќе ги круниса и со одигрување на еден пријателски меч за време на традиционалниот престој во Анталија за зимските подготовки.
Ѕвезда сезонава беше дел од елитната Лига на шампиони, па дуелот на петти февруари, со почеток во 15 часот, од којшто ќе има и директен пренос на „Арена спорт“, ќе претставува одлична проверка против многу силен тим за Работнички, кој се засили со повратникот Баже Илијоски, а во најава се и други принови.
Работнички на подготовки во Анталија ќе замине на 25-ти јануари, а ќе остане до шести февруари. Пред тоа, тимот на осми јануари ќе почне со подготовки за пролетниот дел од сезоната.