Анадолу Ефес славеше на гостувањето во Милано кај Армани со 64-48 во првиот меч од четвртфиналето на кошаркарската Евролига.
Пиварите од Истанбул покажаа дека знаат да одиграат феноменално во одбрана, и веќе на првиот дуел против Манекените најавија дека планираат да играат на фајнал-форот во Белград. Во четвртфиналната фаза, се игра во три добиени средби, а и на вториот меч Армани ќе биде домаќин, по што серијата ќе се пресели во Истанбул.
Кај Милано, само Мели, кој даде 10 поени, беше со двоцифрен број поени. Кај Ефес, лидери беа Ларкин и Мициќ со по 16 поени, но одбраната беше таа која му донесе победа на турскиот тим.