Бразилската легенда не можеше да ги задржи емоциите по дочекот од навивачите на Интер (Видео)

Интер со 3:0 го растури градскиот ривал Милан и се пласира во финалето на Купот, а Нераѕурите на овој меч имаа еден специјален гостин. Некогашниот бразилски репрезентативец Адријано беше на трибините на „Џузепе Меаца“ да го бодри својот поранешен клуб.

Адријано во Интер помина пет сезони и на вкупно 163 меча постигна 73 гола.

„Најдобрите спомени во мојата кариера се поврзани со Интер. Навивачите на Интер ми направија да се чувствувам посебно“, рече Адријано, кој малку фалеше и да заплаче кога беше покажан на големиот видеобим на стадионот, кога слушна какви овации доби од фановите.

https://twitter.com/i/status/1516490171243548676

Адријано беше познат по својата физичка доминација на теренот и врвните голови кои ги постигнуваше. Со Интер освои четири титули во Серија А, два Купа и три Суперкупа. Во кариерата уште играше и за Фламенго, Коринтијанс, Парма, Фиорентина, Рома, Атлетико Параненсе, а кариерата ја заврши во 2016 година, во дресот на Интер од Мајами.

 

- Оглас -

Најнови вести