Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска, се најде на листата на судијки за поддршка, кои ќе служат како четврти судии на претстојното Европско првенство за жени кое ќе се игра во јули, во Англија.
Пројковска е првата судијка од Македонија која добила чест од УЕФА да биде учесник на едно големо натпреварување.