УЕФА успеа да ги открие шемите на Пари Сен Жермен и начинот на кој во клубот стигнувале пари кои биле прикажувани како дополнителен приход, за да може да се купуваат скапи играчи. Според пишувањата на францускиот весник Л’Екип, точно се знае сумата која ПСЖ ќе мора да ја најде како приход, за да не добие казна, која може да биде дури и исклучување од Лигата на шампиони за наредната сезона.
Во овој момент, ПСЖ е во минус од 170 милиони евра, но на сметката ќе дојде приход од 80 милиони евра благодарение на настапите во Лигата на шампионите. Со тоа, минусот ќе падне на 90 милиони евра, сума која повторно е многу тешко да се најде како приход, освен ако се продаде една од големите ѕвезди на клубот.
Во ПСЖ, единствено Нејмар и Килјан Мбапе вредет повеќе од 90 милиони евра, што значи дека „светците“ би можеле да се простат од една голема ѕвезда. За францускиот првак се беше во ред, се додека од УЕФА не открија дека во клубот има „напумпани“ договори за спонзорство, а всушност парите доаѓаат од катарскиот газда. По направените пресметки, само 37 отсто од договорот со една катарска фирма бил прифатен како приход, додека останатите пари биле обезбедени од самиот газда на ПСЖ.
Сега на потег се челниците на ПСЖ. Тие треба да решат дали Нејмар или Мбапе ќе оди на продажба.