Иако Динамо Загреб е првопласиран на табелата во хрватската лига и важи за фаворит за освојување на титулата, сепак клубот го разреши тренерот Жељко Копиќ по поразот во дербито во Сплит од Хајдук.
На Копиќ му се замерува што тим кој вреди 97 милиони евра, а во кој се и македонските репрезентативци Адеми и Ристовски, играл кукавички против Хајдук и слабата ефикасност (само 13 гола на последните 11 меча).
Копиќ од декември 2021 беше на клупата на Модрите. Имаше големи победи како оние над Вест Ххем и Севилја во Лигата на Европа, но тоа не беше доволно да остане во Динамо до крајот на сезонава.