Истрагата околу продажбата на тикети за мечот меѓу Барселона и Ајнтрахт Франкфурт добива нов правец. Каталонскиот тим откри дека еден ист навивач им продал дури два илјади билети на германските фанови.
Ајнтрахт по правило требаше да има само пет илјади навивачи, но на трибините на „Камп Ноу“ се појавија повеќе од 30 илјади фанови облечени во бело.
Ако се израчуна дека еден билет оди некаде по просечна цена од 100 евра, тогаш овој неименуван фан заработил околу 200 илјади евра, но таа заработка може да му биде попуста.