Баерн Минхен направи чудесен пресврт, надополни минус од 17 поени и го победи Будуќност со 93:88 во меч од 15. коло во Евролигата.
Избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ одиграа извонредно до средината на третиот период, имаа предност од 42:25 во еден момент, но ја прокоцкаа шансата за четврта победа со слаба игра во финишот.
Дерик Вилијамс со 21 поен беше иницијатор на пресвртот на Баварците, а имаше одлична поддршка и од Хобс со 14 поени и од Бартел кој уфрли 12 поени.
Кај Будуќност и на мечот најефикасен беше Норис Кол со 27 поени. Новото засилување на подгоричани, Гога Битаѕе постигна 17 поени.