Совет за Лаказет: Ако сака да игра во ЛШ нека оди во Партизан или ПАО, а не да остане во Арсенал

Александре Лаказет најверојатно ќе си замине од Арсенал на крајот од сезоната. Напаѓачот неодамна изјави дека е разочаран што со Топчиите нема играно ниеднаш во Лигата на шампиони, а во клбот е од 2017 година.

По овие изјави на Лаказет дека сака да игра во ЛШ, со реакција се јави некогашната ѕвезда на Астон вила, Габриел Агбонлахор. Според Агбонлахор, ако Лаказет сакал да игра во ЛШ, треба да игра за Партизан или Панатинаикос.

„Безобразно. Ако му се игра во Лигата на шампиони, единствено место каде што може да игра е Партизан или Панатинаикос. Во голем клуб сигурно нема да може да игра, затоа што не може да постигне ниту еден гол. Навреда за Арсенал е таа негова храброст, во овој момент тој да зборува за настап во Лига на шампиони, а игра толку слабо. Мислам дека треба да им се извини на навивачите на Арсенал. Ако знаеше да постигне гол, можеби Арсенал и ќе беше во Лигата на шампиони“, реагираше Агбонлахор.

Оваа сезона Лаказет има постигнато само четири погодоци во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести