Монако направи брејк, екс-играч на Панатинаикос ги смрзна бучните 12 илјади симпатизери на Олимпијакос (Видео)

Мајк Џејмс одигра брилијантна трета четвртина за Монако против Олимпијакос и е најзаслужен за победата на францускиот тим од 96:72 на гостински терен, со што резултатот е израмнет на 1:1 во битката за настап на фајналфор турнирот во Евролигата.

Џејмс, кој е поранешен НБА кошаркар, но и настапуваше за големиот ривал на Олимпијакос, за тимот на Панатинаикос одигра симултанка во третиот период и постигна дури 16 поени.

Вкупно на крајот имаше 23 поени и со брилијантна партија му го отвори патот на Монако кон Белград на фајналфор турнирот во битка за европската круна.

Следните два меча се играат во Малото кнежевство и ако Монако го одбрани домашниот терен и ги добие двата меча ќе игра за титулата во Евролигата.

Одличен натпревар одиграa и Данило Анѓушиќ со 19 поени и 5 скока и Двејн Бејкон со 17 поени и шест скока, а кај Олимпијакос најефикасен беше Везенков со 14 поени.

Првиот меч од плејоф серијата го доби Олимпијакос со 71:54 и Грците ако успеат да добијат барем еден меч во Монако ќе имаат предност на домашен терен во евентуалната мајсторката.

 

 

- Оглас -

Најнови вести