Кристофер Нкунку нема мака со головите и сезонава е голем хит и во Германија и во Европа, стрела рафално за Ред Бул Лајпциг и е во фокусот пред летниот трансфер пазар.
За него се заинтересирани многу клубови, но Лајпциг има Нова богата понуда за него за поголема плата и можност да си замине идната година со отштета од 65 милиони евра.
На полето на модерната технологија му оди малку потешко, а хит е снимката по мечот со Унион Берлин во полуфиналето на германскиот куп.
Нкунку се обидуваше да му ја исполни желбата на навивач на Лајпциг и да го фотографира, но се збуни и не знаеше како да го стори тоа, па девојката мораше да му покаже како да го стори тоа.
Christopher Nkunku struggles with a fan’s phone after Leipzig’s win from soccer