Како шти наближува крајот на сезоната во најсилните европски шампионати, така и битката за бодовите станува поинтересна.
Во Шкотска се играат таканаречените плеј оф и плеј аут, а особено интересна е битката за тоа кој ќе остане во елитата во втората најсилна лига на Островото.
Од 16 часот се среќаваат екипите на Данди и Сент Џонстон во дуелот на последниот и претпоследниот од 33-то коло. Мечот за „шест бода“ кој што во голема мера ќе може да одлучи кој и дефинитивно ќе испадне, а кој ќе има шанси за опстанок има неверојатна увертира.
„Се договорив со играчите дека ако оствариме победа, седум дена ќе одам гол. Едноставно мора да победиме, а иако знам дека ова нема да стори никому добро, но мора да се направи нешто.
Голем меч е пред нас и сакам целиот психолошки притисок да го свртам на мене, а момците да одиграат најдобро што можат“ изјави Марк МекГи, тренер на Данди.
По 33 одиграни кола, Данди е на последното место со 25 освоени бодови, додека Сент Џонстон е претпоследен со 30 на пет кола до крајот.