Тајсон Фјури заработи богатство и рече дека ќе го одржи дадениот збор

Непобедливиот Тајсон Фјури имаше уште една спектакуларна борба во која победи и тоа пред речиси 100.000 гледачи на легендарниот фудбалски стадион „Вембли“. Фјури со нокаут во шестата рунда го совлада Дилијан Вајт, потврдувајќи ја доминацијата во ВБЦ категоријата.

За овој меч, Фјури имаше загарантирани 21,5 милиони фунти, а со победата му следи и дополнителен бонус од три милиони фунти. Вајт за оваа борба заработи 5,5 милиони фунти. По победата, Фјури рече дека ќе го одржи ветувањето и дека ќе замине во пензија со 32 победи и ниту еден пораз во кариерата.

„На сопругата и ветив дека ќе одам во пензија по третата борба со Деонте Вајлдер и тоа го мислев. Беше сјајна трилогија. Но, ми беше понудено да се борам дома, на „Вембли“ и мислев дека таа борба им ја должам на моите навивачи, на сите во Обединетото Кралство. Сега и тоа го направив. Морам да бидам човек и мислам дека тоа е тоа. Ова ќе биде спуштање на завесата на Кралот на Циганите. Ова беше моја последна борба во кариерата“, потврди Фјури.

Британскиот боксер најави дека сега е време малку да ужива. „Одам во пензија со 150 милиони фунти во банка, а уште сум млад и здрав. Ќе купам голема јахта и ќе одам во странство“, е планот на боксерскиот титан.

 

 

- Оглас -

Најнови вести