Чао за Гатузо со победа против Спал

Со натпреварите од Серија А и од Премиерлигата ќе ја испратиме 2018 година, а за последното коло во двата шампионати ќе ви понудиме анализа на пет натпревари и предлог типови.

 

Јувентус – Сампдорија (12.30 часот)

Половина час по пладне ќе играат две од петте најефикасни екипи во Серија А. Јувентус повторно е неприкосновен во Италија и е главен фаворит за титулата, а со доаѓањето на Кристијано Роналдо е вистинска машинерија за голови. Првото место не е спорно за Старата дама, иако подзапре во Бергамо во минатото коло и се спасуваше од првиот пораз во Калчото во новата сезона. Роналдо дава голови, Манџукиќ е во форма, Дибала игра одлично, а Јуве има разноврсни и моќни оружја во нападот.

Сампдорија игра над очекуваното сезонава, се позиционира на петтото место и има европски амбиции. Но, и по традиција прима доста голови кога му гостува на Јувентус. На последните три патувања во Торино голманите на Сампа дури 12 пати ја вадеа топката од мрежата.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.45) Квота на денот

 

Емполи – Интер (15 часот)

Интер го победи Наполи во дербито од минатото коло, со што се врати позитивната атмосфера кај „нероаѕурите“, а денеска играат против еден од омилените ривали.

Интер ги доби сите пет последни меѓусебни дуели против Емполи, а и сега е голем фаворит за победа. Најдобриот стрелец на Интер, Мауро Икарди е вистински кошмар за одбраната на Емполи и им даде дури шест гола на последните пет натпревари.

Традицијата вели дека Интер често ги добива натпреварите против денешниот ривал со предност на полувреме, па очекуваме таков исход и денеска.

Предлог тип: 2-2 (2.22)

 

Брајтон – Евертон (16 часот)

Фудбалското лудило во Англија продолжува со последното коло пред Нова година, а Евертон влезе во вистински ритам и игра ултра ефикасно.

Популарните „карамели“ постигнаа 10 и примија 13 голови на последните 4 натпревари, па нема причина и денеска против Брајтон да не одиграат меч со многу голови.

Брајтон нема победа 4 кола по ред, но одигра одлично против Арсенал во минатото коло и ремизираше, па сега ќе атакува да ја прекине низата без триумф. Евертон нема причина да калкулира, ќе оди на три бода што ветува напаѓачки фудбал од двете страни на „Амекс“ стадионот во Брајтон.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.25)

 

Ливерпул – Арсенал (18.30 часот)

Само шампионот Манчестер сити има постигнато повеќе голови од лидерот Ливерпул, а на гости на „Енфилд роуд“ доаѓа секогаш ефикасниот Арсенал.

Од дербито на две екипи со напаѓачка филозофија се очекува многу и секако во прв план се головите. Иако домаќините ја имаат најцврстата одбрана во Премиерлигата со само 7 примени голови на 19 натпревари, „топчиите“ имаат потенцијал да им ја затресат мрежата. Фаворит е Ливерпул, но Арсенал е непредвидлив тим и може да изненади, па опцијата да се одигра на голови е најдобра варијанта.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.85) Квота на денот

 

Милан – Спал (20.30 часот)

Спал е во криза, има долга серија од девет меча без победа во Калчото, а ако се смета и поразот од Сампдорија во купот, нанижа десетка без триумф. И Милан е во лош тренд, пет меча не може никого да победи, а кризата ја пламна елиминацијата од Европа Лигата по тешкиот пораз од Олимпијакос.

Џенаро Гатузо ќе биде сменет, но сепак Милан е гигант и мора уште денеска да ја сопре низата од пет меча без триумф. Спал е шансата да се стори тоа, а за домаќинот нема друг избор освен атак на цел плен.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.20) Квота на денот

 

- Оглас -

Најнови вести