Ферстапен доминантен а Ред Бул со еден-два во Имола – Ферари разочара на домашната трка

Макс Ферстапен е победник на трката „Енцо и Дино Ферари“ за големата награда на Емилија Ромања во Имола, откако имаше доминантно возење од самиот старт.

Шоферот на Ред Бул и актуелниот првак немаше мака, а на второто место заврши неговиот тимски колега Серхио Перез, додека под бро три заврши Ландо Норис од Мекларен. Возачите на Ферари, на домашното гран-при имаа катастрофална трка бидејќи Карлос Сајнц го заврши својот настап по неколку кругови.

Додека, пак, Шарл Леклерк во самата завршница како третопласиран бараше што подобро време за да добие бод за најбрз круг, но се изврте и на крајот заврши под број седум.

Луис Хамилтон имаше ново големо разочарување бидејќи остана на 14-то место кое што и тргна, а беше поминат од Ферстапен за цел круг, што е доказ за немоќта на Мерцедес, додека подобар викенд имаше Џорџ Расел кој заврши под број четири.

Наредната трка се вози за две седмици кога на програмата е ГН на САД која ќе се вози во Мајами.

 

- Оглас -

Најнови вести