Наполи ги загуби шансите за борба за титулата во Серија А лигата, а по вчерашниот шоктантен пораз од Емполи со 3:2 ниту клупата на Лусијано Спалети нè е стабилна.
Италијанските медиуми велат дека првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис сериозно размислува за промена на тренерот откако тимот особено во вториот дел од сезоната не игра според очекувањата.
Во игра се неколку имиња а како најсериозен кандидат се споменува Винченцо Монтела кој што во моментов е предводник на Адана во Турција, но не би имал ништо против да се врати во Серија А.
Вториот на оваа листа кој што се споменува е Клаудио Раниери кој што ја освои сензационално Премиер лигата со екипата на Лестер.