Словенецот Јосип Иличиќ дефинитивно е играчот на ова коло во италијанската Серија А. Офанзивниот играч за врска на Атланта направи нешто невидено. Влезе во игра во 63 минута и до крајот на средбата против Сасуоло успеа да постигне три погодоци. На крајот Аталанта победи со убедливи 6:2.
Аталанта уште на полувремето водеше со 2:0, а потоа Сасуоло намали на 1:2. Следеше нов гол за гостите за 3:1, а потоа Данкан погоди во 58 минута за 2:3. Сасуоло се надеваше дека може да се спаси од пораз, но тоа беше се до моментот кога во 63 минута во игра влезе Иличиќ. За помалку од половина час, словенечкиот репрезентативец постигна хет-трик, па Аталанта сега со 28 бодови стигна до седмото место на табелата.
За Иличиќ ова беше трет хет-трик во 2018 година, нешто што во топ 5 лигите им успеало само уште на Серхио Агуеро и Лионел Меси.
Рома победи на гости кај Парма со 2:0, благодарение на погодоците на Кристанте и Ундер во второто полувреме.
Резултати: Киево – Фросиноне 1:0, Емполи – Интер 0:1, Џенова – Фиорентина 0:0, Лацио – Торино 1:1, Парма – Рома 0:2, Сасуоло – Аталанта 2:6, Удинезе – Калјари 2:0, Јувентус – Сампдорија 2:1. Од 18 часот играат Наполи – Болоња, а од 20:30 часот е дуелот Милан – СПАЛ.