(Видео) Харден има хет-трик од 40+поени, потсетува на легендарниот Оскар Робертсон

Џејмс Харден има седум натпревари во серија на кои постигнува во просек по 35 поени и пет асистенции во НБА лигата, учинок што никој го немал од ерата на легендарниот Оскар Робертсон.

Ноќеска бекот на Хјустон повторно си поигруваше со конкурентите во најсилната кошаркарска лига и постигна 41 поен, комбинирано со 9 скока и 6 асистенции.

„За тоа вреди да се игра кошарка. Да те споредуваат со така големо име како што е Оскар Робертсон е голема чест за мене“, изјави Харден. Кога не постигнуваше поени, извонредно асистираше, со што ги урна сите можни тактики на домаќините во обидот да го сопрат.

Во ситуација кога вториот Ол-стар бек на Хјустон, Крис Пол е повреден, помош за Харден пристигна од Ерик Гордон. Тој постигна 21 поен, а Ракетите остануваат во битка за  врвот на табелата во Западната конкуренција.

Извонреден месец, односно и комолетен старт на сезоната има и Кемба Вокер, бекот на Шарлот хорнетс. И ноќеска блескаше со 47 поени против Вашингтин визардс, но неговиот тим загуби со 4 поени разлика.

До 40-та стаса и Демијен Лилард од Портланд во нов меч против Голден стејт за кус рок, но овојпат шампионите на НБА не дозволија нов пораз и славеа со 115:105.

Резултати: Милвоки – Бруклин 129:115, Њу Орлеанс – Хјустон 104:108, Вашингтон – Шарлот 130:126, Аталанта – Кливленд 111:108, Мемфис – Бостон 103:112, Јута – Њујорк 129:97, Феникс – Денвер 118:122, Портланд – Голден стејт 105:115, Л.А клиперс – Сан Антонио 111:122.

 

- Оглас -

Најнови вести