Кристал Палас стравува од лажната деветка на Челзи

Четири натпревари од Премиерлигата се играат денеска, на мени се лондонското дерби меѓу Кристал Палас и Челзи, дуелите на двата клуба од Манчестер, Сити и Јунајтед против аутсајдерите Саутемптон и Борнмут и мечот меѓу Барнли и Вест Хем. Тие се во нашата дневна понуда од пет предлог типови, заедно со мечот од Серија Б меѓу Цитадела и Палермо.

 

Кристал Палас – Челзи (13 часот)

Еден Азар повторно ќе „глуми“ лажна деветка во системот на Маурисио Сари, иако самиот вели дека повеќе сака да игра на својата природна позиција, крилен напаѓач. И одлично се снаоѓа во новата улога, а има постигнато три гола, комбинирано со две асистенции на четири меча на оваа позиција. Токму од него најмногу стравуваат во таборот на Кристал Палас.

Домаќините лани го победија Челзи со 2:1, па се надеваат на реприза, а единствено отсутен ќе биде Кристијан Бентеке. Палас го изненади фаворизираниот Манчестер сити со победа на гости од 3:2, што е дополнителен мотив за нов подвиг.

Кај Челзи ќе го нема Педро, кој се жали на повреда, но ќе се врати Алваро Мората, веројатно како резерва за почеток.

Челзи има супер биланс против Кристал Палас од 12 победи, четири нерешени и само два порази на последните 18 меѓусебни дуели.

Предлог тип: T2 1+I & Т2 2+ (2.30) Квота на денот

 

Цитадела – Палермо (15 часот)

Цитадела е една од двете екипи во Серија Б, заедно со Падова, што нема странци во тимот, а и со комплетен италијански состав играат многу солидно. До минатото коло, кога Верона ги надигра и победа со 4:0, немаа пораз на 11 меча по ред. Домаќините се мајстори за нерешени натпревари, имаат осум на 17 дуели што е најмногу во Серија Б, а и денеска против лидерот Палермо им одговара реми.

Но, гостите од Сицилија имаат поинакви планови ќе одат на победа, со која сигурно би ја завршиле годината на првото место во Серија Б. Пак ќе играат без Илија Несторовски, што е хендикеп, но Цитадела мора да се урне денеска.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.88)

 

Саутемптон – Манчестер сити (15.15 часот)

Шампионот загуби два меча по ред, од Кристал Палас и од Лестер и тоа на Манчестер сити му се случува за првпат во последните две години. Пеп Гвардиола вели дека не треба да се мисли на Ливерпул, кој е лидер и опасно ги загрозува амбициите на „граѓаните“ за одбрана на титулата, туку дека сите мисли треба да бидат насочени кон денешниот ривал Саутемптон. Проблем е што ќе ги нема Фернандињо и Делф, но Сити има голем и квалитетен ростер, а охрабрување за гостите е кам-бекот  на Давид Силва.

Саутемптон игра нешто подобро со новиот менаџер Ралф Хазенхитл, но денеска му доаѓа мошне незгоден гостин. Против Сити, „светците“ имаат само една победа на последните 11 дуели во Премиерлигата, а примија дури 12 голови на последните 4 меча со шампионот.

Предлог тип: 2-2 & 2-5 (2.70)

 

Барнли – Вест Хем (15.15 часот)

Барнли го има најголемиот пад во Премиерлигата во однос на ланската сезона кога беа хит. Во минус се од 20 бодови во однос на истата етапа од минатото првенство. На само половина пат од оваа сезона, или по 19 одиграни натпревари популарните „Кларетс“ примија дури 41 гол, два повеќе од целата ланска сезона. Само Фулам има полоша одбрана од Барнли, екипа која не е ниту сенка од ланското освежување во Премиерлигата.

Против Вест Хем имаат лош биланс кога се домаќини и само една победа на 8 меча. Ги победија „чеканите“ во 2010 година, што им е единствен успех на свој терен.

Вест Хем има многу проблеми во последно време, отсутни се десеттина играчи поради повреди, но и покрај се играат одлично со биланс од 4 победи на пет меча. Можно е на терен да се вратат Арнаутовиќ и Чичарито, а во нивно остуство главен адут е Бразилецот Фелипе Андерсон.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.02)

 

Манчестер јунајтед – Борнмут (17.30 часот)

Црвените ѓаволи со во одличен ритам со Оле Гунар Солскјер како кормилар, забележаа две победи по ред, а и третата не е далеку. Им доаѓа на гости екипа, која има драстичен пад на формата и 7 порази на последните двете натпревари.

Кај домаќините блиску до кам-бек се Рохо и Мек Томинеј, а речиси сигурно нема да играат Марсијал, Санчес и Лукаку. Крис Смолинг е оддамна надвор од строј, а можно е Антонио Валенсија да игра против Борнмут денеска.

Кај гостите ќе го нема капитенот Сајмон Френсис, кој се повреди на претходниот меч со Тотенхем, Смит и Кук се исто така надвор од строј, а нема да игра и Ден Гослинг.

Борнмут е во лоша форма и Манчестер јунајтед има зицер за хет-трик победи откако Солскјер пристигна како замена за за Жозе Мурињо.

Предлог тип: 1 & 0-29минута (2.45)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести