Модриќ го одби Реал, Интер му нуди повеќе пари и кинески пакет

Лука Модриќ ја одбил последната понуда на Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми и е се поблиску до заминување на Чизмата, во редовите на Интер.

Според „Телемадрид“ челниците на Реал разговарале со Модриќ, а адут им била понудата за зголемување на годишната плата од 6,5 на 8 милиони евра и продолжување на договорот до 2021 година.

Модриќ, кој веќе има 33 години има подобра понуда од Интер, а во неа е вклучен и кинески пакет, вреден најмалку 20 милиони евра.

Нероаѕурите ќе се обидат да го привлечат Лука со двегодишен договор и плата од 10 милиони евра на годишно ниво.

Патем и му гарантираат уште еден двегодишен договор потоа, но во Кина, во братскиот клуб Јиангсун што би тежел околу 20 милиони евра. Јиангсун и Интер ги поврзуива ист сопственик, Сунинг Холдинг групацијата, па лесно може да се случи Модриќ да ја прифати понудата на италијанскиот клуб, со сигурен тикет за пат во Кина по две години.

- Оглас -

Најнови вести