Баерн му постави ултиматум на Челзи за Хумелс

Матс Хумелс е незадоволен во Баерн Минхен и сака да го напушти клубот, а како први заинтересирани за неговите услуги се Челзи. Актуелниот германски првак му даде рок на искусниот дефанзивец за да најде нова средина, па доколку „сините“ од Лондон имаат намера да го доведат во своите редови, ќе треба да го направат тоа до 14-ти јануари.

Германскиот репрезентативец наводно побарал од неговиот агент да почне да преговара со неколку клубови, па веќе се започнати преговорите околу преселба на „Стемфорд бриџ“. Иако и Арсенал се интересира за неговите услуги, екипата која ја предводи Маурисио Сари е во пол-позиција за неговиот потпис.

Имено, тие се подготвени да исплатат 35 милиони евра за Хумелс, сума која ја постави Баерн, иако се надеваа дека добијат попуст со оглед на годините на фудбалерот. Сари инсистира овој дефанзивец да биде купен во зимскиот преоден рок и да ја зацврсти одбраната, бидејќи Хумелс е еден од најпоткованите технички дефанзивци, му прилега во неговиот стил на игра и не сака да ја пропушти оваа шанса.

Баерн го постави рокот поради што ќе ги искористи средствата да го купи Лукас Ернандес од Атлетико Мадрид, трансфер за кој веќе извесно време се шпекулира дека е договорен и дека ќе вреди 70 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести