Рајли Кејс е момчето кое го има епитетот Супер навивач на Тотенхем. Рајли има само пет години и има големи здравствени проблеми, а докторите му предвидувале дека никогаш нема да може да оди.
Сепак, петгодишното момче, кое е голем борец, со постојани вежби и терапии успеа не само да застане на нозе и да оди туку и да шутира топка и да постигнува голови. Еден ден додека Рајли си играше фудбал во својот двор, на посета му дојдоа двајца фудбалери на Тотенхем, Бен Дејвис и Џо Родон. Тие го поканија детенцето да биде гостин на Тотенхем на 5 мај, кога се игра дербито против Арсенал, а на полувреме да шутира пенал.
„Здраво Рајли. Сме ги гледале твоите голови на видеоклипови и би сакале да те поканиме да дојдеш на дуелот против Арсенал и да шутираш пенал на полувреме. Слушнавме дека тоа е твојот сон, ќе сакаш ли да дојдеш?“, беше пораката која му ја пренесоа фудбалерите на Тотенхем на детенцето, кое со задоволство прифати да биде гостин на големото лондонско дерби.