Ладнокрвно е ликвидиран навивачот на Црвена ѕвезда, објавена е и видеоснимка од убиството (Вознемирувачки материјал)

Српските медиуми објавија видеоматеријал од ладнокрвното убиство што се случи синоќа, а ладнокрвно е ликвидиран Лука Ж. од Белград, познат навивач на Црвена Ѕвезда.

Убиецот по којшто сè уште се трага пристигнал со една цел да го ликвидира сопственикот на кафетеријата „Ритуал“ во Нов Белград, Лука Жижиќ.

На видеоматеријалот е видливо дека целта е само Лука, а убиецот воопшто не пукал во останатите луѓе што биле со него на масата.

Видеоматеријалот е вознемирувачки и можете да го погледнете ОВДЕ.

Убиениот е познат како водач на навивачката група „Белград бојс“, која е дел од најверните фанови на Црвена ѕвезда. Тој е човек кој од претходно ѝ бил познат на полицијата поради работи поврзани со навивањето и Црвена ѕвезда.

Лука бил убиен пред својот брат и пријателите додека седеле во кафетеријата. Младо момче облечено во работна униформа влегува во кафетеријата и побарало да оди во тоалет. Му било дозволено да влезе во тоалетот, а откако излегол, извадил пиштол и испалил неколку куршуми кон Лука, како што се гледа од видеоматеријалот на „Телеграф.рс“.

Убиецот е во бегство и по него трагаат припадниците на српската полиција.

- Оглас -

Најнови вести