Вечер на ракомет ќе врие во „Боро Чурлески“, а кошаркарскиот клуб Пелистер гази во празна сала

Не е тајна дека ракометот е најпопуларен спорт во Битола, љубителите на спортот во градот на конзулите одвај го чекаат вечерашниот ракометен меч за титула помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, а како предигра, попладнево кошаркарите на Пелистер го поразија Еуроникел со 100-83 и го задржаа првото место во Суперлигата.

Битолскиот тим игра одлично, денеска даде 100 поени, се бори за титула, но барем засега изостанува поддршката од трибините. Можеби во плејофот ќе биде поинаку, но засега екипата на тренерот Марјан Илиевски не ја добива поддршката која ја заслужува со игрите и резултатите.

- Оглас -

Најнови вести