Легендарниот тенисер Борис Бекер беше осуден на две ипол години затворска казна поради затајување на имот и други вредни работи, па веднаш беше префрлен во затворот „Вандсворт“.
Бекер ќе отслужи половина од казната, па доколку биде примерен, ќе добие помилување. Озогласениот затвор „Вандсворт“ се наоѓа на само три километри од централниот терен на „Вимблдон“, местото каде Бекер доживеа блескави моменти и ги освојуваше титулите во 1985, 1986 и 1989 година.
Сепак, за разлика од гламурот на Вимблдон, Бекер сега го чека „затворски пекол“. Шестратниот освојувач на Гренд слем титули сега е во самица (поради протоколите за Коронавирусот), а веќе од следната недела ќе биде дел од затворската реалност на затворот изграден пред 170 години.
Во затворот има 1.300 опасни затвореници, а според ланските оценки, се работи за место кое не ги исполнува потребните услови.
За тоа колку е опасен овој затвор и колку често затворениците меѓусебно доаѓаат во конфлинт, покажува и податокот дека минатата година стражарите морале дури 1.285 пати да употребат сила за да ги смират завојуваните.