Црвена ѕвезда останува со перфектен биланс во АБА лигата, откако во дербито на 13. коло славеше против Будуќност со 86:72. Иако резултатот покажува дека е ова убедлива победа, дуелот беше решен во последната четвртина, бидејќи по 30 минути игра беше нерешено (63:63).
Интересно е што Будуќност имаше предност од 63:55, но со серија од 16:0 на крајот од третата и почетокот на последната четвртина, „црвено-белите“ покажаа дека тие ќе се радуваат на триумф. Стратос Перпероглу со 23 поени беше најдобар играч во победничкиот тим, а Борис Симаниќ имаше дабл-дабл со 14 поени и 12 скока.
За Црвена ѕвезда ова беше седма победа во низа во сите натпреварувања, додека Будуќност ја продолжи кризата и го претрпе седмиот неуспех по ред.