Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во Мадрид ги омекна Шпанците кои во минатото го исвиркуваа, и даде интервју на шпански јазик во кое кажа дека неговиот син повторно има омилен тенисер кој е Шпанец.
Досега детето на Ѓоковиќ го симпатизирало Рафаел Надал, но во последно време неговото внимание го привлекува младиот Карлос Алкарас. Ѓоковиќ и Алкараз заедно тренираа во Мадрид.
„Карлос е одлична личност, многу го ценам и сакам. Денес првпат тренирав со него, неговиот напредок последната година е неверојатен. Тој веќе е голема ѕвезда, ги има сите потребни квалитети“ – рече Ѓоковиќ, кој нема ниту еден меѓусебен дуел против новата тениска ѕвезда во подем.
„Во последниот месец, Надал веќе не е број 1 за син ми, туку Алкарас. Ги сака и двајцата, ја имитира нивната игра и нивните емоции“ – додаде Србинот.
Ѓоковиќ, Надал и Алкарас се во иста половина на шемата на Мастерсот во Мадрид. Новак и Рафа може да се сретнат во четвртфинале, а победникот ќе го има Алкарас за евентуален соперник во полуфиналето.