Митровиќ е неверојатен – Постави апсолутен рекорд во Чемпионшип а Фулам ја освои титулата (ФОТО)

Александар Митровиќ со 43 погодоци од исто толку средби и официјално е најефикасниот фудбалер во една сезона во Чемпионшип лигата. Одличниот српски напаѓач денеска во победата на својот тим над Лутон од 7:0, погоди два пати, од кој вториот гол дојде во последните мигови од средбата.

Неговиот тим, пак и официјално стана првак во втората најсилна лига на светот и тоа на едно коло до крајот. Уште поневеројатен е податокот дека сите овие 43 погодоци во Чемпионшип, Митровиќ ги постигна во рамките на противничкиот шеснаесетник.

Фулам стигна до бројката од 90 бодови по 45 одиграни натпревари, додека тимот има постигнато 106 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести