Морент е мајстор за триплети, играјте и на загубени топки на Јанис и Браун

7254 Џејлен Браун (НБА, Бостон – Милвоки, 01 часот)

Слабата игра на Џејлен Браун беше една од причините за стартниот пораз на Бостон селтикс во плејоф-серијата против Милвоки бакс.

Еден од најдобрите кошаркари на Келтите играше очајно и имаше најмногу загубени топки на мечот, дури 7.

Не му одеше ниту шутот, па постигна само 12 поени, а очигледно е дека беше премногу нервозен и немаше решенија за цврстата одбрана на шампионот.

Браун и на неколку претходни дуели со Милвоки имаше доста загубени топки, па ќе типуваме дека ќе оди над границата од 2.5 што е понудена за него за вториот меч од плејоф-серијата, што ќе се игра повторно во Бостон, ноќеска од 1 часот по полноќ.

Предлог тип: >2.5 загубени топки (1.80)

 

7260 Јанис Адетокумбо (НБА, Бостон – Милвоки, 01 часот)

Јанис одигра одличен меч против Келтите од Бостон и забележа трипл-дабл со 24 поени, 13 скока и 12 асистенции, но и често грешеше при додавањата.

Стилот на игра на грчкиот репрезентативец е ран-енд ган кошарка. Честопати знае сам да одигра од кош на кош, што, секако, носи и грешки, а на првиот меч ги имаше пет со погрешни додавања, односно загубени топки.

Ноќеска се игра можеби и клучниот меч во серијата бидејќи победа на Милвоки и предност од два брејка ќе значат сигурен пласман на Бакс во финалето на Источната конференција.

По логика, се очекува тврд меч со малку кошеви, а ќе типуваме дека Адетокумбо пак ќе има над 3.5 загубени топки.

Предлог тип: >3.5 загубени топки (1.75)

 

8461 Ал Хорфорд (НБА, Бостон – Милвоки, 01 часот)

Ал Хорфорд е еден од клучните играчи на Бостон и кога ветеранот игра добро, Селтикс немаат проблеми.

Хорфорд е поливалентен кошаркар и може да игра и како крило и како центар, а со квалитетот и искуството знае да носи победи.

Има одлична техника и честопати погодува и удари за три поени. На првиот меч имаше дури 11 обиди за тројка и погоди четирпати, а во тој сегмент беше добар и во првото коло од плејофот, кога Бостон со метла го елиминира Бруклин нетс.

Хорфорд може да постигне две тројки и ноќеска во вториот дуел со Милвоки бакс, па ќе типуваме плус.

Предлог тип: >1.5 тројки (1.55)

 

Џа Морент (НБА, Мемфис – Голден стејт, 03.30 часот)

Морент игра прекрасна сезона и е вистински хит во НБА, а, секако, и меѓу најперспективните играчи во најсилната кошаркарска лига на светот.

Има неверојатна брзина и одраз, се работи за исклучително атрактивен кошаркар, а квалитетот го потврди и на првиот меч од плејоф-серијата против Голден стејт вориорс.

Правеше сè како што треба, постигна 34 поени, со 10 асистенции и 9 скока, но, за негова жал, го промаши последниот напад за победа и предност на Мемфис од 1:0.

Воините во драматичен меч славеа со 117:116 и имаат брејк, па за Мечките и за Морент нема поинаков избор освен победа ноќеска од 3.30 часот.

Џа е движечката сила на Мемфис, тој е лидер на тимот што има голема перпсктива и од него повторно се очекува добра партија, а ние ќе типуваме дека ќе успее да собере триплета со поени, асистенции и скокови над 44.5.

Предлог тип: >44.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

8371 Колорадо авеланш – Нешвил предаторс (НХЛ, 04 часот)

Колорадо е во транс и се очекува третата титула во НХЛ, прва по 21 година пауза. Победничкиот дух кај Авеланш има поткрепа бидејќи тимот играше извонредно во регуларниот дел и имаше најдобар биланс во Западната конференција и вкупно втор во Лигата зад Флорида.

Духот на легендарниот Џо Сакич и генерацијата што во 1996 и во 2001 година го креваше пехарот во Стенли купот е присутна, а сега некои нови момци предводени од Рантанен, Мекинон, Кадри… треба да покажат дека се кадарни за нов пехар.

Нешвил заврши на осмото место во Западната конференција и е аусајдер во плејоф-серијата против Колорадо. Предаторите играа слабо во финишот на сезоната, но се извлекоа и се пласираа во плејофот.

И тука ќе тргнат против првиот фаворит против кого сезонава имаат само еден пораз на четири меѓусебни натпревари, што им дава надеж за подвиг.

Гостите ќе ги предводи опасниот тандем Душен и Форсберг, но ноќеска ќе го загубат стартниот меч од првиот фаворит во плејофот во Западната конференција.

Предлог тип: 1&5+ (1.71)

 

 

- Оглас -

Најнови вести