Баерн Минхен и Томас Милер ја продолжија соработката до 2024 година, а клубот од Баварија приреди вистински маркетиншки потег што ја одразува неверојатната лојалност и верност кон клубот на германскиот репрезентативец.
Со фотографија од деството на Милер, со дрес на Баерн од мали нозе, 35-кратниот германски шампион ја објави веста за продолжување на договорот.
Милер има 32 години, а пристигна во клубот на 11-годишна возраст, но од претходно трае љубовта кон германскиот гигант.
https://twitter.com/FCBayern_World/status/1521479386322845698?s=20&t=k8zLjEw89TuJYuAmJLIFeg
Првиот договор го потпиша во 2008 година и ќе остане во својот единствен клуб најмалку уште две сезони.
За Баерн има одиграно 624 натпревари и има 11 титули германски првак, две во Лигата на шампионите, шест во Германскиот куп, беше и светски првак со Баерн, а колекцијата му е преполна со пехари.